Дел од корисниците во општините Аеродром и Центар утре, 1 септември 2026 година, ќе останат без снабдување со електрична енергија поради планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа.
Во општина Аеродром, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од дел од улицата „Тодор Чангов“ (спроти ресторанот Рагуза), дел од улицата „Бранко Гапо“, како и на улицата „Тодор Чангов 17“.
Во општина Центар, од 08:30 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат потрошувачите на дел од улицата „1732“, објектите во Градскиот парк кај тениското игралиште „Југ“, рестораните „Уранија“, „Маракана“ и „Вршац“, како и Кајакарскиот клуб „Работнички“.


