Највисока температура во државата во 14:00 часот (12:00 UTC) е измерена на мерната станица Зајчев Рид со 36,2 степени, по што следи Скопје-Петровец со 36 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Високи температури се забележани и во Велес со 35,8 степени, Куманово со 35,4, Штип со 35,2, како и во Кавадарци (34,6°C), Гевгелија (34,5°C) и Демир Капија (34,5°C).
Според официјалните податоци, во Струмица се измерени 33,6 степени, во Битола 32,6, во Тополчани 32,1, во Виница 32, а во Тетово 31,9 степени.
Најсвежо во 14 часот било на Попова Шапка, каде што се измерени 21,6 степени Целзиусови, по што следат Радовиш Пожар со 28,2 и Крушево со 28,3 степени.


