Утре изменет сообраќаен режим во Скопје

Утре (12.03.2023) со почеток во 08.30 часот пред Музеј на град Скопје на ул. Св. Кирил и Методиј ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по ул. Св. Кирил и Методиј, бул. Кочо Рацин, ул. 11-ти Октомври, ул. Крушевска република до Тутунски комбинат Скопје.
 
Поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

 

11.03.2023 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега