Утре без вода дел од општините Центар и Карпош

ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека утре, од 09:00 часот, без вода ќе останат корисниците на Криви Дол, Момин Поток, дел од улицата „Скупи“, потегот од булеварот „8 Септември“ до булевар „Илинден“ и сите околни стопански објекти.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач (шибер) ф400мм на булеварот „8 Септември“ раскрсница со Скупи.

Корисниците ќе бидат без вода од 09:00 часот до завршување на дефектот. 

25.01.2023 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега