Уставен денеска ќе го реши „Балансерот“
Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.
Уште минатиот месец Уставниот суд реши да поведе постапка за неколку члена во два закони и правилници суспендирајќи ги истите додека трае постапката.
Уставен во моментов одлучува дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со наведувањето на етничката припадност се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски закажа прес конференција во 11:30.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа