Вчера во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија. Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал.
За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
- Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина гевгеличанец откако со трактор слетал во река
- Трагедија во Богданци: Трактор се забил во ѕид, возачот починал на лице место
- ВЛЕН: Албанците не се алатки, туку се закон
- Ѓорѓиевски: Десетина бездомни лица веќе добија работа и кров над глава
- Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица
- Од напади врз деца до тепачки меѓу татковци и синови: Седум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие
- Драма во неготинско: Татко и син се пресметале со нож и дрвен предмет, двајцата завршија во полиција
- Трипуновски од струмичко: Откупени 35 милиони килограми зелка, процесот тече непречено

