Уште една сензација на Мундијалот во Катар: Јапонија ја совлада Германија

По вчерашната сензација на Мундијалот во Катар кога Саудиска Арабија ја шокираше Аргентина со 2:1, денеска фудбалскиот свет е во ново неверување, Јапонија попладнево ја совлада фаворизирана селекција на Германија.

Од 17:00 часот на програмата е вториот меч од оваа група, Шпанија против Коста Рика. Со денешниот пораз, Германците и тоа како си ја закомпликуваа ситуацијата, па сега ќе им треба победа против Шпанија за понатамошен пласман.

Германците во овој Мундијал влегоа со желба да се „извадат“ за последните години кога потфрлуваа на големите настани и не беа онаа Германија која сите ја знаевме во минатото, сепак стартот во Катар не ветува.

23.11.2022 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега