Уште една девојка го пријавила Мика Алексиќ за силување- проширена истрагата за српскиот учител по глума

Сопственикот на школата за глума, Мирослав Мика Алексиќ (68), денес повторно на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Белград, ги негираше наводите за пријавата уште една девојка која го пријавила за сексуално вознемирување.

По сослушувањето, обвинителството по втор пат ја прошири истрагата против Алексиќ, потврди портпаролот на обвинителството, Ивана Ракошевиќ.

Алексиќ е обвинет за вкупно 19 кривични дела - 11 за сексуално вознемирување и осум силувања извршени од 2008 до 2020 година на штета на вкупно девет жртви, од кои едната била малолетна.

Останатите девојки ги нападнал, како што се сомнева,и кога биле малолетни и по полнолетството.

Според одлуката на судот, Алексиќ е во притвор за да не го повтори делото, како и поради јавно вознемирување.

Досега, Алексиќ негираше дека сексуално нападнал ученици по глума во неговото училиште, меѓу другите и Милена Радуловиќ, која прва го пријавила во полиција, а по неа и други девојки се осмелиле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега