Уште еден лош ковид ден: Висок број на починати - секој 8ми тест позитивен


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи со Ковид-19, осум починати и 211 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 419 новозаболени во Скопје се 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип – 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по 1.

Од 211 оздравени пациенти од Скопје се 135, Битола – 18, Кавадарци – 14, Куманово – 9, Штип – 7, Охрид и Кочани – по 5, Велес, Кратово и Богданци – по 3, Ресен и Неготино – по 2, Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Струга и Свети Николе – по 1.

Од осумте починати по две се од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г), а по едно од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г) и Македонска Каменица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.285 тестови преку: ИЈЗ-329, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–295, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-129, Биотек-169, Систина-69, лабораторија Лаор-148, Синлаб-18, Ремедика-25, Плодност–27, Генеа-10, Никоб лаб-305, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-77, Ројал Медика–54, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.

Досега во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а на активни случаи изнесува 5.821.

08.12.2021 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега