На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Инцидент во Карпош: Куче нападнало двајца скопјани и нивните миленици
- Сообраќаен хаос во Полошко: Верижен судир на 10 возила и серија несреќи поради замрзнати коловози
- Тепачка во Скопје – тинејџер заврши во болница
- Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика
- Пожар во стан во Штип – две лица пренесени во болница во Скопје
- Уапсен тетовец кој му се заканувал со нож на градоначалникот на Желино
- Познат идентитетот на загинатите кои со автомобил излетаа во Радика
- Повторно пукање во Македонија: Летале куршуми на семејна веселба

