Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа дури 373 контроли во објекти за производство и промет со таканаречена здрава храна. Епилогот од акцијата се 1.010 килограмиуништена небезбедна храна и изречени парични казни во вкупна вредност од 20.550 евра.

При контролите е откриено дека дури 14 оператори воопшто не биле регистрирани во Агенцијата, односно работеле на диво. Поради утврдените недоследности, инспекторите издале 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни.

Сликата на терен покажала сериозни пропусти во безбедноста и квалитетот на храната што им се нуди на граѓаните како „здрава“. Кај девет оператори се утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови, а кај седуммина е пронајдена храна со поминат рок на употреба. Дополнително, кај двајца оператори е запленета храна со непознато потекло, додека кај 18 објекти производите биле несоодветно означени.

Инспекторите утврдиле и прекршувања на работните протоколи: во 23 објекти вработените немале задолжителен здравствен преглед, двајца оператори немале воспоставено Добра производствена и хигиенска пракса, а кај исто толку не била извршена задолжителната дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Exit mobile version