Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УМС и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со акцент на превенција и заштита од насилство

    УМС и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со акцент на превенција и заштита од насилство

    04.12.2025 во 20:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на панел-дискусијата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“ во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, во организација на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Жаклина Пешевска, пратеник и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

    Пешевска истакна дека феноменот на насилство врз жените, за жал, бележи пораст не само во македонското општество, туку и во регионот и во светски рамки. Таа потенцираше дека сите општествени чинители, политичките партии, институциите и поединците, особено оние што извршуваат јавни функции, имаат обврска да вложат дополнителни напори во борбата против насилството, не само за време на кампањата, туку континуирано во текот на целата година.

    „Овој феномен, насилството, всушност добива на обем не само во македонското општество  туку добива на обем и во регионот и во светот. И навистина сите како активни чинители, дали преку политичките партии, дали преку своите работни места, посебно кога имаме јавни функции, треба да направиме плус напор, не само во рамките на овие 16 дена активизам, туку и низ целата година“, вели Пешевска.

    Пешевска нагласи дека само со заеднички и координирани активности може да се обезбеди поефикасна заштита, превенција и поддршка за жртвите, како и да се создаде посигурно општество за сите.

    Своe обраќање имаше и пратеничката Драгана Бојковска, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека Унијата на млади сили секоја година покажува високо ниво на одговорност во одбележувањето на „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“ и во подигнувањето на свеста против насилство врз жените. Бојковска го потенцираше и растечкиот проблем со насилството и булингот меѓу младите, особено во училиштата. Таа нагласи дека Владата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ, преку Министерството за образование и наука посветува особено внимание на оваа тема и вложува сериозни напори во сузбивање на училиштниот булинг.

    „Особено сакам да го потенцирам насилството и булингот којшто се случува врз младите, односно во училиштата. Зошто го велам ова? Бидејќи сега како Влада на ВМРО-ДПМНЕ преку Министерството за образование и наука, ценам дека имаме ставено голем акцент на ова прашање, бидејќи во консултации со министерката Весна Јаневска, сериозно даваме акцент на тоа што значи булинг во училиштата и сериозно вложуваме во тоа оваа работа да се сузбие“, нагласи Бојковска.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.