Close Menu
Press24
    Најново

    Судење за пожарот во „Пулс“: Прочитан исказот на клучна сведочка – сопственикот имал заштита од полицијата, а фискалните се заменувале со „црни пари“

    15.05.2026 во 18:06

    Ѓорѓиевски: Новиот мост на Вардар што ги поврзува „Љубљанска“ и „Скупи“ е во завршна фаза

    15.05.2026 во 18:04

    Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања

    15.05.2026 во 16:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Прочитан исказот на клучна сведочка – сопственикот имал заштита од полицијата, а фискалните се заменувале со „црни пари“
    • Ѓорѓиевски: Новиот мост на Вардар што ги поврзува „Љубљанска“ и „Скупи“ е во завршна фаза
    • Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања
    • Историски рекорд: Концертот на Дејвид Гета официјално распродаден – продадени 50.000 влезници за помалку од 12 часа
    • Филков: Измените на Законот за судовите ќе донесат реален напредок, а не само формални реформи
    • Драма на небото: Авион од Хургада итно слетува во Белград, екипажот пријавил чад во кабината
    • Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија
    • Филмско апсење во Центар: Уценувал 61-годишен скопјанец за 8.000 евра, па паднал во стапица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Украле бронзена биста со два човечки лика од гробиштата во Бутел вредна над 5.000 евра – ОЈО поведе постапка против четири лица

    Украле бронзена биста со два човечки лика од гробиштата во Бутел вредна над 5.000 евра – ОЈО поведе постапка против четири лица

    19.09.2025 во 10:441 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

    Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.

    Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Судење за пожарот во „Пулс“: Прочитан исказот на клучна сведочка – сопственикот имал заштита од полицијата, а фискалните се заменувале со „црни пари“

    15.05.2026 во 18:06

    Ѓорѓиевски: Новиот мост на Вардар што ги поврзува „Љубљанска“ и „Скупи“ е во завршна фаза

    15.05.2026 во 18:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.