Управата за јавни приходи упати важно предупредување до граѓаните.

-До граѓаните пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со следниот текст: „Потсетник на UJP: Статутот на вашата сметка за социјално осигурување е абнорамaлен. Препорачуваме да го решите проблемот што е можно поскоро“, заедно со приложен линк.

Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувате лични, банкарски или други чувствителни податоци.

Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.

Ги повикуваме граѓаните сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата за јавни приходи, односно официјалната веб-страница www.ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефоски броеви.

Официјална е-пошта:info@ujp.gov.mk

Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори) / 02 3253 200

Официјална веб-страница: www.ujp.gov.mk

Не кликајте на линкови од сомнителниSMS пораки и не споделувајте лични или податоци од вашите банкарски сметки.

Споделете го ова известување со вашите блиски за да се спречат можни злоупотреби, напишаа од УЈП на Фејсбук во своето соопштение.

Exit mobile version