СДСМ реагира на последните пораки поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, оценувајќи дека македонскиот идентитет и јазик се заштитени и дека пред земјата стојат реформски обврски, вклучително и промената на Уставот.
Од партијата велат дека нема нови услови или нова преговарачка рамка, како и дека не станува збор за поништување на Преспанскиот договор или враќање на старото име на државата.
Во соопштението СДСМ ја критикува и реториката на премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на најавените средби со бугарската страна, оценувајќи дека историските прашања не треба да бидат пречка за политички дијалог и напредок кон Европската Унија.
Од СДСМ посочуваат дека историските прашања треба да ги разгледуваат историчарите, додека институциите треба да работат на исполнување на реформите и на напредокот во европската интеграција.
Партијата додава дека политичкиот дијалог со соседите е неопходен за постигнување решенија и за продолжување на процесот на европска интеграција.


