УХМР: Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
Во Берово е измерена најниска температура ова утро - само 1 степен.
Четири степени се евидентирани во Лазарополе, 5 во Крива Паланка и Битола, 6 во Скопје - Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Маврови Анови, 7 во Прилеп, Дебар, Куманово, Велес, Попова Шапка, 8 во Скопје - Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крушево, Кавадарци, додека 9 во Виница, а 10 во Гевгелија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од УХМР додаваат дека денеска нѐ очекува сончево и релативно топло време, со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура, според најавите, ќе достигне од 22 до 28 степени.
Максималната температура во Скопје се очекува да достигне до 25 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа