УХМР: Сончево, но минусни температури низ целата земја

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови на државата. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб, а во западните делови слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе преовладува доумерено облачно и студено време со слаб до умерен претежно западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

За време на викендот по одделни котлини ќе има услови за магла и ниска облачност. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови. Од недела утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.

24.12.2021 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега