УХМР со временска најава за утре. Според синоптичарите, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Денеска времето ќе биде ведро и студено во утринските часови, додека во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 22 до 29 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, релативно топлото време ќе продолжи и во наредните денови. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток се очекува зголемување на облачноста, како и пораст на утринските температури. Во петок се можни услови за појава на локален дожд.

Exit mobile version