Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владини претставници и градоначалници, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата детска градинка во општина Теарце. Објектот има капацитет за згрижување на 147 дечиња, со што целосно е укината листата на чекање во оваа општина.
Во рамките на настанот, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што да очекуваат граѓаните од денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), премиерот кратко изјави: – Очекувам нафтата да поевтини.


