Највисоки температури од 33,9 степени Целзиусови денеска во 14 часот се измерени во Гевгелија и на Зајчев Рид во Скопје, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според официјалните податоци за температурата и количината на врнежи во изминатите 6 часа, во Велес се измерени 32,2 степени, а во Скопје-Петровец 31,3 степени.
Над 30 степени беа регистрирани и во Демир Капија, Кавадарци и Тетово со 30,7 степени, како и во Струмица со 30,4 степени.
Најсвежо во 14 часот било во Крива Паланка со 17,4 степени и на Попова Шапка со 18,8 степени.
Во однос на врнежите, во изминатите 6 часа најмногу дожд паднал во Крива Паланка, каде што се измерени 18 литри на метар квадратен.
Минимални количества врнежи се регистрирани уште во Радовиш Пожар (0,6 l/m²) и во Скопје-Петровец (0,1 l/m²), додека на останатите мерни станици не се забележани врнежи.


