Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата до 13:00 часот, од кои два се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати.

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, активните пожари се бележат во регионите на Маврово и Струга.

Во Општина Маврово и Ростуше гори пасиште над планината Бистра, во близина на Кириловец, додека во Општина Струга активен е пожарот помеѓу селата Октиси и Белица, каде што гори сува трева и стрништа.

Од ЦУК информираат дека под контрола се ставени шест пожари:

  • Во Општина Зелениково (над с. Палиград – Преслап),
  • Во Општина Сарај (кај с. Копаница),
  • Во Општина Струга (кај селата Пискупштина, Буринец и Локов, како и помеѓу Буринец и Локов),
  • Во Општина Чучер-Сандево (кај Брест, м.в. Рамно на Скопска Црна Гора),
  • Во Општина Ѓорче Петров (кај с. Грачани, на косовската граница над с. Кучково).

Пожарникарите успеале целосно да изгаснат пет пожари, меѓу кои депонијата зад хотелот „New Star“ во Визбегово, локацијата кај Голем Брдаш во Маврово и Ростуше, ѓубриштето зад Факултетот во Прилеп, локалитетот кај с. Ложани во Струга и дивата депонија кај базенот над м.в. Поток во Велес.

Exit mobile version