Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до крајот на седмицата се очекува период на променливо облачно и релативно топло време, проследено со повремени локални врнежи од дожд.

Врнежите на места ќе бидат пообилни. Локално се можни и услови за појава на невреме со засилен ветер, чија брзина може да надмине 60 км/ч, и ретки грмежи. Се очекува во текот на 24 часа да наврне поголема количина дожд, која ќе изнесува над 30 литри на метар квадратен.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни и ќе се движат меѓу 15 и 25 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денешниот ден (17 ноември) и ноќеска, во северозападните делови на земјата ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (до 60 км/ч). Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен јужен ветер.

Exit mobile version