Close Menu
Press24
    Најново

    Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда

    08.07.2026 во 23:42

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР предупредува: Денеска невреме со пороен дожд, силен ветер и град на повеќе места

    УХМР предупредува: Денеска невреме со пороен дожд, силен ветер и град на повеќе места

    22.05.2026 во 08:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Времето денеска на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе се појават во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, како и со силен ветер чија брзина ќе надминува 60 километри на час, а постојат и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 18, додека максималната ќе достигне од 19 до 29 степени.

    Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

    Од УХМР најавуваат дека променливо облачното време ќе се задржи и во следните денови, проследено со умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина над 50 километри на час. Нестабилноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе продолжи на повеќе места и во текот на викендот, кога локално повторно се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме. Стабилизација не се очекува ниту на почетокот на следната седмица, па така во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

    Прочитај повеќе

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.