Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.

Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Exit mobile version