Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР ги измери температурите низ Македонија – Спремете се за невреме и нов топол бран

    УХМР ги измери температурите низ Македонија – Спремете се за невреме и нов топол бран

    17.07.2026 во 08:191 Min Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ги измери температурите во осум часот низ Македонија. Според податоците од мерните станици, Претор и Берово со 18 степени се најсвежите места утрово, додека Скопје, Демир Капија и Струми најтопли со 24 степени.

    Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

    Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а попладне во делови од котлината се можни изолирани врнежи од дожд проследени со грмежи. Утринската температура ќе изнесува околу 20 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.

    Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран ќе продолжи и во текот на викендот, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 31 степен.

    Од понеделник времето ќе остане претежно сончево и многу топло со мала до умерена облачност, додека во вторник се очекува дестабилизација на атмосферата со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.