УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во 11 часот. Според мерењата на синоптичарите, ова претпладне најстудено е на Попова Шапка и во Радовиш, каде се измерени 10 степени.

Кавадарци со 19 степени е најтоплиот град во Македонија пред 12 часот.

Во Скопје УХМР измери 16 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре, особено попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Повремен локален дожд ќе има и во петок во утринските часови, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

Exit mobile version