Група малолетници физички нападнале нивен врсник на улица во Битола, по што случајот бил пријавен во полиција од страна на родителот на момчето.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата во СВР Битола била поднесена вчера во 12:00 часот од страна на 48-годишниот П.Ј. од Битола.
Таткото пријавил дека физичкиот напад врз неговиот малолетен син се случил на улицата „Борис Буџевски“.
Од МВР информираат дека полициски службеници веќе преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сите учесници во инцидентот.


