ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.А.(46) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „пустошење шума“; информираа од МВР.
При контрола и координирана акција од ОВР Струга и Шумската полиција, извршена на 16.10.2026 во планински појас над истото село, тој бил затекнат во шума во државна сопственост како со моторна пила врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво.
По преземени дополнителни мерки било утврдено дека тој исекол вкупна количина од 175 метри кубни огревно буково дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми“ му предизвикал материјална штета од 5.250.000 денари.
- (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
- „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
- Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
- Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
- ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
- Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
- Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
- Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини


