Угостителите бараат надомест за скратувањето на работното време - бараат итна средба во Владата

Независната угостителска комора со дел од здруженијата на угостители очекува до утре да добие покана од Владата за итна средба на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за добивање директна финансиска помош за овој сектор.

Во денешното соопштение наведуваат дека не сакаат празни ветувања од министри, туку конкретни владини мерки за надомест на штетите и загубите. Напоменуваат дека ќе ги запазат сите законски права и процедури во остварувањето на нивните права за поднесување на надоместок на штета не само за последните рестриктивни мерки туку и за претходно донесените.

– Како што напоменавме во нашите минати соопштенија и изјави, овојпат законски ќе побараме сериозна одговорност и образложение на Комисијата за заразни болести од која ќе побараме да ни ги достави записниците од состаноците со сите образложенија зошто се овие мерки селективни и дискриминирачки и зошто додека на едни (угостителите) во континуитет им се ограничуваат и скратуваат правата за работа со препораки преку Владини одлуки на други им се даваат само препораки со што преќутно им се овозможува да прават што сакаат и притоа да не сносат никакви последици и консеквенции од своето работење, се вели во соопштенито.

Од Комората се надеваат дека Владата ќе ги послуша барањата на, како што велат, 6.500 угостителски објекти и 35.000 илјади вработени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2020 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега