Убиство се случило утрово околу 07:30 часот во битолската населба Баир, на улицата „5-та“, при што животот го загубила 31-годишна жена, објави порталот Скопје1.мк.

Според првичните и неофицијални информации, станува збор за тежок случај на семејно насилство. Трагедијата се случила по претходна расправија меѓу сопружниците, во која мажот со смртни последици ја нападнал својата сопруга.

Осомничениот за убиството е веднаш лишен од слобода од страна на полицијата и спроведен во станица.

На местото на настанот увид вршат надлежните јавни обвинители и полициски екипи за да ги приберат сите траги. Повеќе детали за мотивите и точните околности под кои се случило убиството се очекуваат по завршувањето на официјалната истрага.

Exit mobile version