Вистинска семејна драма се одвивала во Скопје, кога син со нож го нападнал и убил својот татко, кој според неговите тврдења, пијан ја нападнал мајка му.

– „Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода 31-годишниот скопјанец Б.Џ. затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко, 52-годишниот скопјанец Е.Л.

Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, инаку мајка на Б.Џ., по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.

По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Свети Наум Охридски“ за укажување на помош”, информираа од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на убиениот е предадено за обдукција.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version