Заморот зад волан е една од најчестите причини за губење концентрација. Ова денеска го напишаа од АМСМ на Фејсбук и ги информираа возачите на колку време при подолго возење, треба да направат пауза.
-Се препорачува пауза на секои 2 часа или на секои ~200 km. Краток одмор може да направи голема разлика за вашата безбедност – и безбедноста на сите во возилото, стои во соопштението на АМСМ.


