Close Menu
Press24
    Најново

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43

    Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција

    29.10.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Убиен познат хрватски политичар

    Убиен познат хрватски политичар

    23.09.2025 во 21:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хрватската полиција објави дека денес околу 18 часот во општина Гарчин се случила пукотница во која е убиено едно лице. Хрватските медиуми неофицијално дознаваат дека е убиен Зоран Гргиќ, поранешен политичар на ХДЗ.

    Гргиќ е роден во 1963 година и е познат на пошироката јавност како пратеник од редовите на ХДЗ на почетокот на 2000-тите. За време на своите политички активности, тој особено се залагал за прашања за развој на Славонија и Бродско-посавинската жупанија. Покрај неговиот пратенички мандат, тој имал и голем број локални политички функции и бил активен во општествениот живот на Славонски Брод.

    Според локалните жители, во вторник попладнето тој поминал време со помлад маж на блиското пикник-зона Љешкове Воде, кога се случила конфронтација која завршила фатално. Сторителот, на возраст од 30 години, избегал по убиството и полицијата интензивно го бара.

    Неофицијално се споменува дека Гргиќ и сторителот биле во лоши односи, но околностите и мотивите за злосторството ќе бидат утврдени дури за време на полициската истрага, според порталот 035.

    Оперативниот и комуникациски центар на полициската управа Брод-Посавина официјално потврди дека „околу 18 часот се случила пукотница на подрачјето на општина Гарчин, во која едно лице е повредено, а подоцна починало од повредите“. Портпаролката Ката Нујиќ додаде дека случајот е префрлен во Окружното обвинителство во Славонски Брод, кое спроведува понатамошна истрага.

    Селото е во шок, сообраќајот кон Љешкове Воде и Врховина е сè уште блокиран, а мештаните со неверица коментираат дека убиството е извршено среде бел ден, на пат низ кој минуваат семејства и деца секој ден.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.