Уапсено 20-годишно момче од Албанија на граничниот премин „Табановце“

 

МВР информираше дека вчера во 15:00 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Република Македонија, по извршена пасошка контрола поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело приведен бил 20-годишниот В.А. од Република Албанија, кој на увид дал косовска патна исправа на име 32-годишниот Д.Ф. од Ѓаковица. По извршениот разговор В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега