Уапсени четири лица за убиството на скопјанецот Камер Идризи?
Во текот на денешниот ден полициски службеници од СВР Скопје заедно со специјалците „Тигар“ имаа голема акција, при што биле уапсени четири лица на возраст од 19, 27, 31 и 40 години, кои се осомничени за убисвото на скопјанецот Камер Идризи, како што неофицијално дознава „Прес 24“
Како што дознаваме, во полициската акција биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети, а повеќе детали од страна на МВР се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Идризи и негов роднина беа убиени минатата година во населбата Бутел 2 на големиот верски празник Рамазан Бајрам.
10.11.2022 - 23:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа