Српските студенти подготвуваат студентска изборна листа со непартиски лица
Студентот на Факултетот за политички науки, Алексa Симиќ, изјави дека новата студентска изборна листа е „99 отсто готова“ и дека единствено се можни мали измени во зависност од финалните договори.
Она што, според него, ја прави поинаква од сите досега е тоа што на неа нема да има претставници ниту од опозицијата, ниту од власта, пренесува Nova.rs.
„На листата нема да има лидери. Сакавме да се откажеме од култот на личноста кој со години ја заробува политичката сцена,“ истакна Симиќ во гостување на Н1.
Тој појасни дека критериумите биле јасни: нови лица, луѓе кои досега немале политички амбиции и кои не се оптоварени со политички контроверзии, интриги или корупциски афери.
„Не ни е важна идеологијата колку тоа да нема екстремистички ставови. Ни треба единство и покрај идеолошките разлики,“ нагласи Симиќ.
Тој додаде дека целата иницијатива била намерно држена подалеку од јавноста, поради големиот интерес како од власта, така и од граѓаните. „Сакавме мирно да работиме, без притисоци, и да ја подготвиме листата во целост,“ вели Симиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа