Уапсен уште еден функционер на ДУИ: Падна екс директорот на Патишта

 

Екс директорот на Државни патишта уште двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени во полициска акција, дознава Press24 од полициски извори.
Според нашите информации, приведен е екс директорот Ејуп Рустеми, раководителот на одделението на наплата на патарини и контрола Дрилон Зибери како и помошникот на директорот за одржување на патишта Ејуп Љатифи.


Покрај нив приведено е и уште едно лице сопственик на агенција за обезбедување.
Информацијата до овој момент нема официјална потврда од МВР или од Обвинителството.
Неофицијално,
Press24 дознава дека групата се гони за дела поврзани со корупција.

25.03.2025 - 13:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега