Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уапсен тинејџер од Македонија за неуспешен обид за ликвидација на црногорски наркобос

    Уапсен тинејџер од Македонија за неуспешен обид за ликвидација на црногорски наркобос

    28.07.2026 во 10:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, кој се бараше со меѓународна потерница од Интерпол за обид за убиство, е уапсен во Никшиќ во акција на црногорската полиција. Осомничениот се товари за крвавиот напад што се случи летото 2025 година во елитен хотелски комплекс во Будва.

    Специјалците од Регионалниот центар за безбедност „Запад“ и Секторот за борба против криминалот го лоцирале и спречиле понатамошното бегство на Танасковски, кој се криел во изнајмена куќа во приградска населба.

    Паралелно со него, полициските лисици му биле ставени и на 34-годишен жител на Никшиќ, кој му давал логистичка поддршка и му помагал на македонскиот државјанин да се крие од истражните органи.

    Танасковски, според пишувањата на тамошните медиуми, но и официјалните информации од црногорската полиција, е главен осомничен за пресметката на базенот во Будва:

    Танасковски е осомничен дека на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва, со огнено оружје пукал кон Марко Љубиша, познат како Кан, кој се поврзува со спротивставена криминална група. Во нападот биле испукани два куршума, при што Љубиша се здобил со повреди во пределот на главата.

    Го следел Кан до базенот, користел фалсификувана српска лична карта

    Истрагата открива дека 19-годишниот Македонец детално го планирал нападот и со денови го следел Марко Љубиша во хотелот. Осомничениот му пришол од зад грб додека метата се наоѓала покрај базенот, отворил оган и веднаш побегнал од местото.

    Покрај обидот за убиство, против Танасковски се води постапка и за недозволено држење и носење оружје и експлозивни материи, како и за фалсификување исправа. Според истрагата, тој користел фалсификувана лична карта на име на државјанин на Србија, со која престојувал во хотел додека ги подготвувал криминалните активности.

    Нападнатиот се поврзува со „шкаљарскиот клан“

    Марко Љубиша – Кан во црногорските медиуми и полициски билтени важи за безбедносно интересно лице со долго досие, кое безбедносните служби го поврзуваат со озлогласениот „шкаљарски клан“, иако тој во своите јавни настапи повеќепати ги демантираше таквите врски.

    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.