Уапсен крадец на мотор од Гостивар: Кражбата се случила во април

Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ш.Н.(38) од с.Дебреше, гостиварско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 03.04.2025 одзел мотоцикл „хонда“ сопственост на Б.И.(63) од Гостивар.
Осомничениот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна пријава.
11.09.2025 - 11:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа