Ангелов: Ер трактор на ДЗС дејствува со специјална пена врз депонијата Дрисла

 


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информираше дека Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дејствува со гасење на пожарот на депонијата Дрисла

Ер трактор на ДЗС дејствува со специјална пена врз депонијата Дрисла, соопшти Ангелов.

Претходно Ангелов посочи дека дождот што од утрово врне во Скопје нема да помогне многу за гаснење на пожарите на депонијата Дрисла и на Вардариште, што траат веќе неколу дена.

 

Тој истакна дека во претходните денови биле фрлени тони и тони вода, но чадењето продолжува. Бидејќи гаснењето со вода не давало резултати, се пристапило кон затрупување на најкритичниот дел од депонијата.

11.09.2025 - 13:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега