Полициски службеници од Кавадарци вчера го лишија од слобода лицето М.М. (42) од Кавадарци поради екстремно пречекорување на дозволената брзина на движење.

Прекршокот е констатиран во 17:25 часот на улицата „Западен булевар“ во градот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека при контрола на сообраќајот со радар, било утврдено дека 42-годишниот возач управувал патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки со брзина од 96 километри на час.

Оваа брзина е за 56 километри на час поголема од максимално дозволената, која на таа локација е ограничена на 40 километри на час.

Против лицето М.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version