Попладнево е приведен поранешниот сопственик на над 500 крави во Крива Паланка откако пружал отпор на полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство  кои требало да ги одземат животните, пренесува Телма ТВ.

Видео од апсењето објави и ќерката на приведениот. На видеото се гледа како инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство се на терен за да го реализираат одземањето на кравите кои со месеци правеа штета на локалните жители.

Полицијата која е повикана на асистенција го приведува откако тој пружа отпор, а неговите ќерки викаат на помош и се обидуваат да му помогнат. По приведувањето, поареншениот сопственик Ѓорѓиевски е префрлен во полициска станица.

Обвинителството во Куманово за Телма потврди дека е отворен предмет кој ќе се води по брза постапка, а од утре ќе биде разгледан случајот кога ќе добијата и официјално полициско известување. Телма минатата недела беше во селото Дубровница на протестот на жителите кои се жалеа дека имаат и животни закани од поранешниот сопственик на кравите и неговите ќерки откако тие ги пријавиле штетите на своите имоти.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Exit mobile version