Полицијата привела 65-годишен жител на Арачиново, откако бил затекнат како во село Липково превезува огревни дрва без соодветна документација и не застанал на полициски знак „стоп“. Видео од инцидентот беше објавено на Фејсбук, кадешто се гледа како 65-годишникот ги истура дрвата од камионот, и на тој начин го блокира патот, по што полициските службеници се впуштаат во потера пеш.

-Вчера во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне- соопшти полицијата.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

Exit mobile version