Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Турција под „жолта“ тревога: Бури, лавини и студ од Балканот – две студентки спасени од снег во Хаќари

    Турција под „жолта“ тревога: Бури, лавини и студ од Балканот – две студентки спасени од снег во Хаќари

    10.01.2026 во 12:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Турската метеоролошка служба издаде „жолта“ тревога за дури 48 од вкупно 81 провинција во земјата, предупредувајќи на опасни временски услови кои вклучуваат силни бури, обилни дождови и висок ризик од лавини. Властите апелираат граѓаните да не патуваат освен ако тоа не е апсолутно неопходно.

    Најкритично е во регионите на Мармара и Егејското Море каде се очекуваат удари на ветер со јачина до 90 км/ч, што веќе предизвикува страв од паѓање дрвја, уривање на покриви и прекини во морскиот и воздушниот сообраќај. Во источните делови, пак, главната закана се лавините.

    Драматични сцени веќе пристигнуваат од југоистокот на земјата. Во провинцијата Хаќари, две студентки биле затрупани од голема количина снег што паднал од покрив на студентски дом. За среќа, брзата реакција на нивните колеги ги спасила, а по укажаната лекарска помош, нивната состојба е стабилна. Во областа Шемдинли, снегот од покривите урнал електрични столбови, оставајќи цели населби во мрак, додека спасувачките екипи откопуваат автомобили заглавени под лавини на автопатите.

    Метеоролозите не носат добри вести ниту за наредните денови – од понеделник се очекува нов студен бран од Балканот и Сибир, кој ќе донесе уште пообилни снежни врнежи и температури длабоко под нулата.

    Прочитај повеќе

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.