Трипуновски: Сточарството изумира како земјоделска гранка заради катастрофалните политики на СДС


Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на сточарството.
 
Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за бројот на молзни крави и за производството на кравјо млеко во Република Македонија. Бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските сточари.
 
Стоп на катастрофалните политики на СДС во сточарството, напиша Трипуновски.
„Еве како СДС го уништува млекопроизводството во Македонија
Бројот на молзни крави во 2023 година е намален за 53 илјади грла или изразено во проценти има пад од 40,3% во споредба со бројот на грла во 2016 - Извор: ДЗС
Производството на кравјо млеко во 2023 година е намалено за 165 милиони литри или изразено во проценти има пад од 40,9% во споредба со производството во 2016 - Извор: ДЗС
Сточарството изумира како земјоделска гранка во Република Македонија“, посочи Трипуновски.

08.04.2024 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега