Трипуновски: Фирма блиска до претходната власт земала земјиште, не го обработувала

 

„За неработењето или расипничкото работење на минатата власт ќе кажам еден пример, ние како министерство заедно со новиот директор на Платежната агенција, со новиот директор на Инспекторатот за земјоделство веќе водиме една акција и првичните информации користат за сериозна злоупотреба на државниот буџет“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Една блиска фирма до претходната власт има земено преку 1.600 хектари државно земјоделско земјиште. Замислете во тој договор е вклучено таа фирма три години да биде ослободена од закуп на тоа земјиште кое што ќе го користи. Инаку годишниот закуп би изнесувал некаде околу 21 милион денари и ако за три години пресметаме таа фирма за овие три години направила заштеда од некои милион евра“, појасни министерот.

Трипуновски додаде дека истата фирма што го има земено по договор ова земјиште во најголем дел речиси сето не го обработува, за да биде корисник на субвенциите од државата.

„Првичните информации кои што ги добивме и од Платежната агенција се дека истата фирма има добиено субвенции за 2021, за 2022 и 2023-та година екаде околу 27 милиони деанри односно некаде над 450.000 евра субвенции кои што се исцицани од Буџетот“, нагласи Трипуновски.

„Зимате земјиште, не го обработувате, не плаќате закупнина на државата, а од друга страна користите субвенции“, појасни министерот. Тој додаде дека тоа е еден од примерите, а ги има многу, на злоупотребата со ресурсот државно земјоделско земјиште изминативе години.

29.07.2024 - 19:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега