Полицијата казнува на големо - пишана казна од 3900 евра на македонските патишта

 


Вчера околу 13.00 часот на наплатната рампа Кадрифаково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запреле и извршиле контрола на автобус марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а управувано од М.З.(42) од Свети Николе.

Притоа, во рамки на контролата било утврдено дека тахографот не бил баждарен, односно возачот не поседувал потврда за проверка. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

19.10.2024 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега