Падна дилер од Кисела Вода: Погледнете што му најде полицијата дома

 

На 17.10.2024 од страна на полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија по наредба  од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом на С.Р. (43) во Скопје, на територија на Кисела Вода. При претресот пронајдени се 32 кесички со марихуана, 12 таблети, девет кесички со бела грутчеста материја, еден тањир во кој имало  две грутки бела материја и  бела прашкаста материја.

СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО, а судија на претходна постапка на С.Р. му одреди 30 дена притвор.

18.10.2024 - 22:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега