Плодна дискусија на трибината со земјоделците, која се одржа во општина Гевгелија во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.
-Гевгелија е пример како се развива земјоделството, согласно податоците имаме близу 3.000 регистрирани земјоделски стопанства, над 700 договори за користење на околу 2.800 хектари државно земјоделско земјиште. Минатата година за мерката „зелена нафта” аплицирале над 890 земјоделци, со вкупна поддршка од близу 8 милиони денари, посочи министерот Цветан Трипуновски.
Бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи.
-На трибината разговаравме за предизвиците, но и за можностите за дополнителна поддршка, стабилно, конкурентно и одржливо македонско земјоделство е целта на која работиме, посочи тој.


