Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ново рочиште за „Онкологија“ – Тројца лекари пред Кривичен
    • Улични кучиња сеат страв во Кисела Вода – Чопор се пуштал по минувачи, во близина школо и градинки
    • Трамп по смртта на Доли Партон: „Знамињата една недела на половина копје, никој нема да биде како неа”
    • ФОТО: Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба
    • Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари
    • СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ
    • Ќе нема вода поради уличен дефект – Водовод информира на кои места во Скопје
    • Опасностите од интернет за децата во фокусот на „Disrupting Harm“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трифуновски: Наместо да ја обнови старата железница, власта планира ново задолжување од 2,5 милијарди евра на грбот на граѓаните

    Трифуновски: Наместо да ја обнови старата железница, власта планира ново задолжување од 2,5 милијарди евра на грбот на граѓаните

    05.08.2026 во 21:443 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наместо да ја реконструира и модернизира постојната железничка инфраструктура, Владата планира ново огромно задолжување од 2 до 2,5 милијарди евра за таканаречена брза пруга, проект кој ќе го плаќаат граѓаните, рече организацискиот секретар на СДСМ Зоран Трифуновски, во „Тема на денот“ на Сител.

    Тој посочи дека решението не е во нови милијарди кредити, туку во реконструкција на постојната пруга, која може да обезбеди подобар и поефикасен железнички сообраќај со многу помалку средства.

    „Мислам дека политиката што ја води оваа власт е погрешна, тоа се гледа од сите нивни проекти. Првично, нема потреба да се направи нова брза пруга, како што ја нарекуваат, и да се задолжат граѓаните со толкави големи суми, бидејќи проекцијата на нова брза пруга е меѓу 2 и 2,5 милијарди, по нивните пресметки. По мене, доволно е да се направи реконструкција на постоечката пруга, којашто постои веќе 153 години во нашата земја. За тој дел од 215 километри, од граничниот премин Богородица до граничниот премин Табановце, за да се реконструира, би ни требале околу 2 години и помеѓу 200 и 300 милиони евра. Значи, разликата е 10 пати поевтино е ова решение и подобро за граѓаните“, истакна Трифуновски.

    Тој посочи дека разликата во брзината не ја оправдува огромната финансиска разлика, бидејќи економската корист доаѓа пред сè од товарниот сообраќај.

    „Брзата пруга значи само во делот на превозот на патници. Тој превоз секаде во свет е субвенциониран од државата. Финансискиот буџет којшто го добива државата е од карго или товарниот сообраќај. Секаде во светот, дозволената брзина за тој сообраќај е максимум до 140 километри на час. Ако ние сега имаме пруга којашто може да се движи или со ремонтот ќе се движи од 100 до 120 километри на час, значи само за 20 километри на час, или претворено во време, за 10 до 20 минути пократко време на движење, ние треба да платиме 10 пати поголема сума према кредиторите и да го задолжиме народот на Република Македонија“, додаде тој.

    Трифуновски посочи дека Владата ја доведува јавноста во заблуда околу проектите за Коридорот 8 и дека финансиската конструкција за продолжување на проектот беше обезбедена во времето кога СДСМ ја предводеше Владата.

    „Тој проект постои веќе од времето кога Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја предводеше владата. Уште во 2022 почна изградбата на коридорот 8. Затоа и ние сакаме да инвестираме во НАТО делот, а не во пруга којашто ќе нè поврзува преку кинески и руски пари“, рече Трифуновски.

    Тој нагласи дека за третата фаза биле обезбедени значајни средства, но дека по прекинувањето на постапките од актуелната власт, биле изгубени европски средства.

    „Тогаш се обезбеди најголемиот грант до тогаш во историјата на Република Македонија, 149 милиони од ВБИФ и плус уште 60 милиони од ИПА фондовите. За жал, бидејќи владата го прекина тогашниот повик кој беше отворен за избор на најдобар изведувач и за избор на надзор, поминаа две години, тие  не сработеа ништо, стигна казната од Европска Унија, ни ги повлекоа 60-те милиони од ИПА фондовите коишто ни беа доделени како грант за третата фаза“, истакна Трифуновски.

    Прочитај повеќе

    Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари

    26.08.2026 во 09:29

    СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ

    26.08.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.